Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април

од Nikola Popovski

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април поради службено отсуство на членот на Судечкиот совет, судијката Дијана Груевска. Предметот е вратен на повторно судење, откако вчера Врховен ја одби иницијативата од адвокатот на обвинетиот Владимир Атанасовски, да одлучат дали амнестијата за упадот во Собранието треба да се примени во предметот.

Судечкиот совет треба да се произнесе по барањето. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Апелација ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија 6 години и три месеци, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор.

Слични содржини