“Исламска држава” тајно купува земјиште до изолирано село во Босна, што може да се сфати како база за вршење на терористички напади во западните земји, пишува Sunday Mirror. Најмалку 12 милитанти од терористичката група, обучувани во селото  биле  во Сирија во последниве месеци.

џихади

Петмина од нив се убиени, според истрагата на британското издание. Локацијата и  дава на “Исламска држава” клучна  стратешка позиција поради близината до Медитеранот, користено од екстремисти од Сирија, Ирак и Северна Африка.Службите за безбедност веруваат дека Босна е користена за кампови на групата и може да биде база  за терористички напади на Запад. Според експертите за контратероризам од ова село голем број на луѓе биле во Сирија и овој тренд продолжува. Месноста e тешко достапна поради планинскиот релјеф. Весникот додава дека нема GPS и пристапот до селото е многу тежок. Босна е на идеална позиција за џихадисти кои патуваат нелегално од Сирија во Грција или Турција и потоа поминува низ Македонија и Србија.

Слични содржини