Сведоштво: 10 дена чекав да се тестирам, 15 дена имав слобода да се движам и да го ширам вирусот

од Берта Китинска

Ништо не е под контрола, како што тоа сакаат да го претстават здравствените власти, вели пишува на својот Фејсбук порфил, Евгенија Здравевска од Битола која вели дека 10 дена чекала за тестирање, а 20 дена не добила повик од епидемиолог.

-Со симптоми седев дома и чекав да се тестирам 10 дена (бидејќи нема термини/нема тестови), решение за изолација добив на Вибер после 4-5 дена од позитивен тест( а во меѓувреме ако не бев совесна, 15 дена имав слобода да се движам и да го ширам вирусот колку сакам и како сакам) и сега згора на сѐ, после 20 дена се уште чекам да се јави епидемиолог, за да добие решение мајка ми, која се изолираше во ист стан со мене и беше со клиничка слика. По редот на нештата мајка ми од утре треба да почне на работа, на позиција здравствен работник, а притоа и понатака има последици/симптоми и била во директен контакт/престојувала со заразен? Притоа, на работно место, таа отсуството мора да го оправда (и се јавуваат секој ден) или да си го плати боледувањето од Ковид 19, а моето решение не се зема во обзир, пишува Здравевска.

Вели дека ги контактирала сите броеви, но од никаде не добила одговор.

Здравевска го прашува министерот Венко Филипче што е тоа што е под контрола.

Дали знаете во каква состојба е болницата во Битола?Ако не знаете, ќе ви испратам видеа и фотографии, кои ги направив изминатиов период кога морав да ги поминувам тие ходници и да го гледам хоророт на помодрени луѓе кои се гушат, со високи температури, не тестирани кои ги враќаат од шалтер зошто не им е тука местото или пак со последните здивови се приморани да чекаат редици од 50 луѓе пред нив, да видите од прва рака.

Да си видите како лекарите, вашите колеги и сестрите не можат да стојат на нозе, зошто по цело дежурство се по еден и од навала на пациенти не стигаат вода да се напијат а и понатака во ходниците им умираат луѓе. И за тоа не е крив народот драг мој Венко, крив е системот врз кој очигледно веќе немате апсолутно никаква контрола, вели Здравевска.

Обраќајки се кон Филипче вели дека е лицемерно и безобразно да каже што било друго.

-Дали знаете колку позитивни луѓе се на работа денес, од што нема како да правдаат отсуство? Дали знаете колку луѓе умираат дома, со пнеумонии и во агонија чекајќи да се тестираат? Каков третман/заштита од вас/државата добиваат оние кои ви се на прва борбена линија – здравствените работници? Дали сфаќате дека сте директен соучесник кон смртта на еден куп луѓе кои ги газат овие ходници, негирајќи го фактот дека здравствениот систем е во тотален хаос и колапс? Кого лажете? Дали сте при здрава свест и разум?, прашува Здравевска.

Слични содржини