Актуелно
Почетна / Актуелно / Светските медиуми го критикуваат Пленковиќ: Прв европски премиер кој поддржа воен злосторник

Светските медиуми го критикуваат Пленковиќ: Прв европски премиер кој поддржа воен злосторник

Британски Гардијан анализирајќи ја пресудата за воениот злосторник Слободан Праљак оцени дека премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ е прв европски премиер кој поддржал воен злосторник.

Гардијан наведува дека Праљак, режисер кој стана клучен водач на босанските Хрвати во раните деведесетти, осуден од Хашкиот трибунал за злосторства кои вклучуваат и бомбардирање на Мостар и злоупотребување заробеници, но дека хрватскиот премиер Пленковиќ ја прогласил оваа пресуда за длабоко морална неправда.

Според британските медиуми, ова е прва изјава на некој челник на влада на дрѓава од Европската унија кој поддржува воен злосторник.

Хрватскиот портал Index.hr наведува дека не ја преиспитува само Гардијан реакцијата на Пленковиќ по повод самоубиството на Праљак. Австрискиот дневник Дер Стандард објави голема анализа под наслов „Хрватската десница профитираше од самоубиството на воениот злосторник Праљак“, во која нагласува дека хрватската влада нема никакви правни основи за успешно да иницира ревизија на хашката пресуда на херцеговската шесторка.

На почеток на текстот се опишува како во Мостар и во Загреб се палеле свеќи во чест на воениот злосторник Слободан Праљак, кој се отру во хашката судница откако му беше потврдена казната затвор од 20 години.

Дер Стандард констатира дека по реакциите на хрватските националисти на смртта на Праљак може погрешно да се заклучи дека дотичниот не е воен злосторник туку светец. Една од нив е дека хрватската влада одби да ја прифати пресудата на херцеговската шесторка иако до сега ги почитуваше хашките пресуди. Стилизираната жртва на Праљак ги фрли во сенка вистинските жртви од Босна и Херцеговина, муслиманите во средна Босна кои ги убиваше и ги прогонуваше, пишува Дер Стандард.

И германскиот Дер Шпигел, на својот портал, еден од најпосетените во Германија, објави голем текст во кој се згрозува над фактот дека Хрватска тагува над смртта на еден воен злосторник.

loading...