СЗО: Државите да ги координираат напорите за одобрување на вакцините

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација објави дека очекува надлежните служби кои работат во одредени земји да ја координираат работата во врска со потенцијалните вакцини против коронавирус со цел побрзо да добијат дозвола за нивно производство и употреба.

Одговарајќи на прашања на социјалните мрежи, претставникот на СЗО, Сумја Сваминанат рече дека тестирањето на вакцини, кое обично трае неколку години, ќе биде скратено на шест месеци во пандемија, но под услов надлежните институции да ги разгледаат достапните податоци што се доволно убедливи за да издадат овластување за употреба.

Сепак, таа истакна дека најважна е безбедноста и истакна дека брзината на издавање одобренија за употреба на вакцината не смее и нема да биде на штета на нејзината безбедност и ефикасност, пренесува Ројтерс.

Слични содржини