СЗО и САД внимателно ја следат новата варијанта на Ковид-19

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација (СЗО) и американските здравствени власти во петокот објавија дека внимателно ја следат новата верзија на Ковид-19, иако „можните последици од бројните мутации на „BA.2.86“ сè уште се непознати“.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта „во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) мутации на шилестиот ген што го носи“, пишува организацијата во епидемиолошкиот извештај за пандемијата на Ковид-19, објавена во петокот вечерта.

Новата верзија досега е пронајдена само во Израел, Данска и САД.

„Можните последици од мутациите на BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа“, наведуваат од организацијата и уште еднаш предупредуваат дека е важно да се продолжи со следење, секвенционирање и информирање на надлежните органи за да се добие точна и целосна слика.

До 13 август 2023 година, ширум светот беа пријавени повеќе од 769 милиони потврдени случаи на Ковид-19 и повеќе од 6,9 смртни случаи. Вистинскиот број на заразени и починати се смета дека е многу поголем бидејќи многу случаи не се пријавени.

Новата варијанта не е иста како EG.5.1, која СЗО неодамна ја означи како „варијанта на загриженост“ откако беше откриена во 51 земја, пишува „Express“.

Слични содржини