Автобуските и такси-превозниците денеска напладне повторно ќе го блокираат граничниот премин Богородица. Протестот на превозниците ќе трае два часа. Возачите на автобусите и такси-компаниите бараат да бидат вклучени во превозот на мигранти според неодамна постигнатиот договор.

taksisti-gevgelija_1

Освен блокадата на сообраќајот во двете насоки на граничниот премин, тие еден час ќе го попречуваат и пристапот до градот.

Причина за протестот е што изминативе неколку дена не се почитува договорот за рамноправен превоз на мигрантите со „Македонски железници“.

Според договорено на состанокот на Координативното тело за справување со кризи, такси-возилата и автобусите би требало да ги транспортираат мигрантите дење, а возовите ноќе.

 

META

Слични содржини