Талибанците го ставија Карзаи во домашен притвор

од Vladimir Zorba

Талибанците го ставија во домашен притвор поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, а личното обезбедување му е одземено, пренесуваат светските медиуми.

Талибанците го одзедоа обезбедувањето и на поранешниот премиер Абдула Абдула, кој официјално е шеф на Високиот совет за национално помирување.

Во понеделникот, Талибанците го конфискуваа оружјето од придружбата на Карзаи и му ги конфискуваа возилата, поради што поранешниот претседател се здружи со својот поранешен ривал на претседателските избори во 2014 година, објави Си -Ен -Ен.

Талибанците ги запленија и автомобилите на политичарите кои во моментов се на милост и немилост на движењето, додаваат медиумите.

Слични содржини