ТАЛИБАНЦИТЕ ПУКАЛЕ КОН ТОЛПА ЛУЃЕ: Има мртви и ранети! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Припадниците на Талибанците отворија оган врз учесниците на собирот за поддршка на националното знаме на Авганистан во провинцијата Нангархар, изјави жител на покраината за „Спутник“.

Во престрелката има жртви и ранети.

Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови. Талибанците во неделата ја презедоа контролата врз сите гранични премини. Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата.

Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата за, според неговите зборови, „да спречи крвопролевање“. Портпаролот на политичката канцеларија на Талибанците, Мухамед Наим, подоцна објави дека војната во Авганистан е завршена.

Слични содржини