Танцувајте латино исто како Шакира на Супербол (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

За настапот на Шакира и Џенифер Лопез од Супербол веќе може да се каже дека е еден од најдобрите, а можеби и најдобар досега, попопуларен дури и од оној на Бијонсе од пред неколку години.

Шакира откако се појави на музичката сцена, освен со гласот и заразните хитови, освојува и со нејзиниот талент за танување.

Таа на Инстаграм објави видеа со упатство за кореографијата за традиционален колумбиски танц кампета, со кој се претстави на полувремето на Супербол.

Со асистентка – експерт за латински танц, односно кампета, пејачката покажува, чекор по чекор, како треба да се движи телото следејќи ја музиката. Лекција број еден: танцувајте со врвовите на прстите. Потоа следува движење со колковите, скокнете и координирајте се со помош на рацете. Не е лесно, се разбира. А и после една минута танц, ќе го загубите здивот. Но, Шакира уверува: „Многу е возбудливо“.

Слични содржини