Тепачка меѓу две жени во продавница во Кисела Вода

од Nikola Popovski

Полицијата информира за инцидент во кој две жени вчера физички се пресметале во продавница.

Според МВР, вчера во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Се степале 43-годишната М.Ј. и 25-годишната Б.А.П., двете од Скопје, извести полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини