Тепачка на натпревар во Богомила, упаднала и дел од публиката

од Nikola Popovski

Тепачка на натпревар од пониските општински фудбалски лиги во Македонија. Според полицијата, немилиот настан се случил пред два дена во село Богомила.

-На 17.03.2024 во 11.00 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, општина Чашка, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од с.Богомила и ФК Мартолци од с.Горно Врановци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот бил прекинат, истакнуваа од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини