Тешка несреќа кај Струмица: Загина бебе

од Nikola Popovski

Бебе починало во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Струмица-Ново Село, информираат од МВР. Според полицијата, бебето починало како последица од здобиени повреди откако автомобил излетал од пат.

-На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко, соопшти МВР.

 

Слични содржини