Тешко повреден 47-годишен маж по удар од автомобил

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Ласкарци и Буковиќ, скопско, возило „фолксваген венто“ управувано од А.Џ.(22) од село Паничари, скопско, удрило во З.М.(47) од село Ласкарци.

Во несреќата, З.М. се здобил со тешки повреди кои му биле констатирани од лекар во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на настанот е извршен увид од екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Слични содржини