Тетовец направил сообраќаен прекршок па им понудил мито на полицајците

од Берта Китинска

Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско. Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини