Тевез сака да го земе Ди Марија во својот тим (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Новиот тренер на аргентински Росарио Централ, Карлос Тевез призна дека ќе ја истражува можноста како слободен играч да го привлече „детето“ на клубот, Анхел Ди Марија, за кого голем интерес имаат Јувентус и Барселона.

„Не можам да разговарам со него во моментов. Едвај можам да разговарам со жена ми поради целата работа што ја имам. Би сакал да дојде Ди Марија, кој не би го сакал тоа? Кога ќе се смири ситуацијата, ќе му се јавам и ќе го прашам што сака да прави. Знаеме што е тој, тој би бил многу позитивен за тимот со искуството што би им го пренел на овие момци. Антонио Конте е мојот пример, тој ме научи многу во Јувентус. Ќе се обидам да го натерам тимот да игра малку, дури и половина, како што играат неговите тимови.

Имам голема верба во играчите и се уште не сум побарал нови засилувања. Пред само една година бев на другата страна и во текот на мојата кариера не сакав тренери кои доаѓаа и веднаш сакаа нови засилувања. Знам какво е чувството. Сакам прво да ги видам момчињата за да ми покажат дека сакаат да играат во Росарио Централ. Откако ќе ми покажат, ќе видиме на која позиција треба да се засилиме. Секој што сака да игра тука мора да го докажува тоа на секој тренинг и на секој натпревар. Овој клуб е заспан џин кој треба да се разбуди“, прокоментира Тевез на својата прес-конференција на која беше претставен како тренер на Росарио Централ..

Слични содржини