Тихановскаја побегна во Литванија

од Vladimir Zorba

Кандидатот на опозицијата на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која го оспорува реизборот на претседателот Александар Лукашенко, избега во Литванија, објави денес литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линквесиус.

„Таа пристигна во Литванија и е безбедна“, рече Линкевисиус.

Демонстрациите против изборната победа на белорускиот претседател, кој беше избран на претседателските избори во неделата за шести мандат со повеќе од 80 проценти од гласовите, според официјалните податоци, се случија синоќа втора последователна вечер.

Спонтаните демонстрации заедно со судирите со полицијата започнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првите изборни резултати, според кои претседателот Лукашенко, на власт од 1994 година, победи по шести пат.

Тихановскаја не се приклучи на синоќешните протести со цел, како што рече, да избегне провокации, а таа не беше достапна за контакт синоќа. Нејзиниот портпарол изјави за АФП дека нејзиниот тим не знае каде е.

Таа синоќа преку телеграма испрати порака дека е во ред, но до веста дека е во Литванија, се сомневаше во автентичноста на пораката.

Слични содржини