Тинејџер со нож упаднал во училиште во Русија, избодел четворица: момчето (15) било сопрено од вработените во училиштето

од Vladimir Zorba

Четири возрасни лица утрово се полесно повредени кога тинејџер ги нападнал со нож во селско училиште во Ростовската област во јужна Русија кога се обидел да влезе во училишната зграда, соопшти началникот на регионот Василиј Голубев.

Голубев на Телеграм напиша дека маскирано 15-годишно момче со нож ранило четворица возрасни, меѓу кои тројца вработени во училиштето и роднина на ученик во селото Красни Десант, но дека ниту едно од децата не е повредено, пренесе ТАСС.

Началникот изјавил дека напаѓачот бил спречен од присутните и дека се испоставило дека станува збор за ученик во деветто одделение со ментална болест.

Истрагата за случајот е во тек.

Слични содржини