Титулата во Серија „А“ веќе може да се решава преку плејоф

од Vladimir Zorba

Италијанската фудбалска федерација соопшти дека од новата сезона титулата во Серија „А“ ќе се решава со финален плејоф доколку првите два тима во конечниот пласман завршат со еднаков број бодови.

Клубовите разговараа за слична опција претходно овој месец, а идејата беше поддржана од федерацијата и одобрена на состанокот на извршното раководство.

Во случај на реми во регуларното време, нема да се играат продолженија во плеј-офот, туку директно ќе се изведуваат пенали.

Минатата сезона Милан ја освои титулата во Серија „А“ за прв пат по 11 години, но ова беше победа во последното коло со што си обезбеди финиш пред бранителот на трофејот Интер, кој заостана два бода.

Доколку двата великани завршеа со ист број на бодови, Милан сепак ќе беше шампион поради подобрите резултати во директните натпревари, иако Интер беше тимот со подобра гол разлика.

Во моментов ниту едно друго Европско првенство нема воведено плеј-оф за одредување на шампионот.

Во Италија, пак, има случај во кој дополнителен натпревар ја реши судбината на Скудетото. Ова се случи во 1964 година, кога Болоња го победи Интер со 2-0 во Рим.

Слични содржини