Торнадо уништи град во Кина за само една минута

од Stefanija Kuzmanovska

Снимката што ја емитува кинеската државна телевизија CCTV ги прикажува моментите кога торнадо го погоди градот Фошан на југот на земјата.

Торнадото траеше само една минута, но поради големата разорна моќ оштети згради, локална инфраструктура, куќи, возила и електричната мрежа.

На снимките направени од локалното население се гледа како торнадото буквално урива згради и далноводи, а фотографии се направени откако хаосот превртел автомобили, откорнал дрвја и столбови.

За среќа нема човечки жртви.

Слични содржини