Тошковски: Георгиевски и Груевски повеќе не се почесни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Според изјавата на Панче Тошковски, претседателот на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ, со новиот статут на партијата, се укинува функцијата почесен претседател.

Па така според оваа одлука, Љубчо Георгиевски и Никола Груевски повеќе нема да бидат почесни претседатели на партијата.

„Овој статут на предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели“, изјави Тошковски и дополни дека Мицкоски е прв партиски лидер на Балканот што си го ограничува својот мандат по примерот на австриската народна партија.

Слични содржини