Товарен брод потона јужно од Истанбул, исчезнаа шест лица

од Stefanija Kuzmanovska

Товарен брод потона утринава во Мраморното Море, јужно од Истанбул, а шест морнари се водат за исчезнати, соопштија турските власти.

Товарниот брод долг 69 метри, кој превезувал сува стока, испратил сигнал за помош веднаш по 6:30 часот по локално време додека бил во близина на брегот на островот Имрали, на околу 50 километри од јужниот брег на Истанбул, соопшти турското министерство за транспорт.

Според властите, сигналот од бродот под турско знаме престанал да се емитува во 7.12 часот.

Три чамци на турската крајбрежна стража биле испратени во областа, но не можеле да го лоцираат пловилото, се вели во соопштението, додавајќи дека во близина бил пронајден празен чамец за спасување.

Слични содржини