Трагедија на Кипар: Ги полил роднините со бензин и ги запалил

од Stefanija Kuzmanovska

Кипарската полиција трага по маж (59) кој е осомничен дека убил еден маж и тешко повредил две жени.

Неименуван маж утрово влегол во куќата во која живееле неговиот вујко, тетка и нивната пријателка во селото Мони кај Лимасол, сите ги полил со бензин и потоа ги запалил.

Од тежината на повредите мажот починал на лице место, додека двете жени се префрлени во болница во критична состојба.

По напаѓачот се уште се трага.

Во Мони, но и во делови од Лимасол владее паника, бидејќи мештаните не знаат каде би можел да побегне убиецот.

Слични содржини