Трајаноски: Во која депонија се кријат Зелен Хуман Град?

од Vladimir Zorba

Седум дена на Скопје му се случува еколошка катастрофа со несобрано ѓубре и диви депонии, пишува Жарко Трајаноски.

Ако се сеќавате, пред локалните избори во Скопје имаше едни активисти што се кандидираа како екологисти и се нарекуваа „Зелен хуман град“ и ветуваа сенешто.

Отидов на фејсбук страницата на „Зелен хуман град“ да видам дали имаат некаква реакција за еколошката катастрофа во Скопје. Нема никаква реакција!

Пребарав на time.mk и grid.mk „зелен хуман град“ – нема никаква нивна изјава во медиумите последнава седмица!

Па, еве, јавно ги прашувам сите што ми се нафрлија кога во колумни и на фејсбук предупредував дека станува збор за лажни екологисти и за „гринвошинг“: Во која дива депонија се кријат сега „Зелен хуман град“, кои ги поддржаа политичарите одговорни за оваа еколошка катастрофа?, прашува тој.

Слични содржини