Трамп се искара со новинари на прес конференција, ги нарече „грозни личности“

од desk2

Американскиот претседател Доналд Трамп вербално нападна новинари на прес конференцијата по повод вчерашните избори за американскиот Сенат и за Претставничкиот дом. 

На еден од новинарите му нареди да седне, додека на друг му рече дека е „невоспитана и грозна личност“.

Тој се изнервира откако новинари му поставија прашање за тоа зошто мигрантскиот конвој во Мексико го нарекол „инвазија“ врз САД.

Исто така му било поставено прашање зошто е емитувана предизборна реклама во која се појавува мигрантот Луис Брамонтес, осуден на смрт поради убиство на двајца полицајци во Сакраменто во 2014 година.

Слични содржини