Трет ден општа расправа за измените на Законот за минимална плата

од Берта Китинска

Пратениците трет ден ќе расправаат за измените на Законот за минимална плата .

Со ова законско решение, минималната плата од март треба да се зголеми на 18.000 денари од сегашните 15.200 денари.

Очекувањата се дека ќе бидат опфатени околу 80.000 работници кои веќе во април ќе земат зголемена минимална плата. Зголемувањето на минималната плата ќе биде помогнато од страна на државата, која од Буџетот ќе одвои 16 милиони евра за покривање на разликата во придонесите.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон рече дека тој е подготвен во дијалог со работодавците и работниците, и е донесено решение кои го поддржуваат сите – минималната плата да биде 18.000 денари.

– Законот ја утврдува минималната плата, која за месец март, заклучно со исплатите за март, треба да биде во висина од 18.000 денари. Државата мисли и на работодавците. Во самиот Предлог закон е предвидено државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите за минималната плата, која во моментов е 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа од март а која ќе изнесува 18.000 денари. Предвидено е работодавците да се поддржат во периодот од март до декември 2022 година, информира Тренчевска.

Законското решение уследи откако на 7 февруари по неколкудневни преговори беше постигнат договор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на Економско-социјалниот совет.

Слични содржини