Црвена Ѕвезда ја декласира Академија Пандев, но во клубот не се задоволни од играта (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Иако Црвена звезда го победи нашиот прволигаш Академија Пандев со 5:0 во пријателски натпревар, од ​​стручниот штаб на српскиот првак не доаѓаат целосно задоволителни изјави.

Напротив, помошникот на Дејан Станковиќ и поранешен капитен Ненад Милијаш по натпреварот изјави дека не треба да се игра така за црвено-белиот дрес.

„Резултатот е многу добар, но првото полувреме беше многу лошо. Не смееме да играме така во Црвена звезда. Влеговме во второто полувреме како што треба, го сторивме она што беше потребно“, изјавил Милијаш за ТВ Арена Спорт.

Дејан Станковиќ не го изнесе најсилниот состав, но и оние играчи кои се најдоа во неговиот ростер за овој дуел беа пресилни за македонскиот преставник.

Долго време Звезда не можеше да го разбие бункерот на струмичани, а тоа му успеа на Милан Павков во 40 минута.
На почетокот на вториот дел, во 54 минута Николиќ зголеми на 2-0. Овој резултат беше актуелен се до 71 минута кога со голот на Иваниќ фаворитот на овој меч стигна и до 3-0.

Последните два гола кои беа дело на Фалчинели беа постигнати во последните 10 минути од средбата. Во 84 минута Италијанецот зголеми на 4-0, а во 88 минута ги постави конечните 5-0.

 

Слични содржини