Турција објави регулативи за реконструкција на уништениот регион од земјотресот

од Radmila Tasevska

Турција денес објави регулатива за реконструкција на уништениот регион од земјотресот за да им овозможи на компаниите или хуманитарните организации да помогнат итно во изградбата на нови домови за милионите на кои им треба засолниште.

Повеќе од 160.000 згради, со 520.000 станови, се урнаа или беа сериозно оштетени во земјотресите во Турција, објави Ројтерс.

Бројот на загинати во земјотресите во Турција е над 43.500, додека во соседна Сирија загинаа близу 6.000 луѓе.

Слични содржини