Турист напиша негативна рецензија на хотел во Тајланд, сега му се заканува затвор

од Vladimir Zorba

Весли Барнс, Американец кој работи во Тајланд, беше уапсен за наводно нарушување на угледот на одморалиштето „Sea View“ на островот Кох Чанг.

Барнс напишал рецензии што ги објавил на неколку Интернет страници посветени на туризмот, тврдејќи дека имал работа со „непријателски персонал“ кој „се однесувал како да не сака никого да гледа“ за време на неодамнешната посета на популарно одморалиште.

Според британскиот „Телеграф“, коментарите на туристот Весли Барнс, во кои тој го обвинува хотелот за модерно ропство, биле отстранети од „Trip Advisor“, поради кршење на упатствата на сајтот.

– Сопственикот на одморалиштето „Sea View“ поднесе жалба во која изјави дека обвинетиот објавил нефер критики кон хотелот на страницата „Trip Advisor“ – изјави полковникот на полицијата во Кох Чанг.

Хотелот соопшти дека презел правна постапка против поранешниот гостин за да спречи објавување на дополнителни рецензии:

– Одлучивме да поднесеме жалба со цел да го одвратиме од одлуката да го критикува хотелот, бидејќи сфативме дека во догледна иднина тој може да продолжи да пишува критики.

Дополнително соопштение понатаму објасни дека туристот Весли Барнс не е тужен за „само една лоша критика“, туку за измислени приказни:

– Во своите рецензии на „Trip Advisor“ и „Google“, тој напиша измислени приказни кои вклучуваат ксенофобични конотации, обвинувања за ропство, па дури и коментари во кои читателите би можеле да го поврзат ресортот со коронавирусот.

Покрај нељубезната критика, Барнс беше обвинет и за расправија со хотелскиот персонал затоа што сакал да донесе сопствено шише вино додека вечерал во хотелскиот ресторан. Имало жестока расправија и менаџерот на хотелот морал да интервенира.

Тој беил приведен и вратен во Кох Чанг, каде накратко бил приведен пред да биде ослободен со кауција.

– Добив е-пошта од хотелот во која ме известуваа да ги отстранам сите критики или да се соочам со кривична пријава. Доаѓајќи од Западот, мислев дека тоа е празна закана. Следниот ден, имиграционата полиција беше на моето работно место со налог за мое апсење. Тајланд е познат по своите закони против клевета, кои долго време беа критикувани од групите за човекови права, напиша Весли Барнс.

Доколку биде осуден за клевета, на Барнс може да му се закани затворска казна во траење од две години и парична казна од 200.000 бахти, или околу 5.400 евра.

Ричард Бароу, британски блогер за патувања, кој живее во Тајланд, слушнал за овој случај и истакна дека целата ситуација отишла предалеку.

– Во повеќето случаи, законите за клевета се добри затоа што постојат за да не заштитат, но понекогаш се злоупотребуваат. Фактот дека некој бил уапсен на нивното работно место заради негативни критики е секако чекор предалеку. Дали тоа значи сега дека никој од нас не треба да објавува рецензии за хотели со една везда во Тајланд?, се прашуваше блогерот.

Слични содржини