Уапсен џихадист во Грција, кој како бегалец од Сирија стигнал и побарал азил на островот Кос

од Vladimir Zorba

Случај со маж од Сирија, кој со неговиот малолетен син во јуни пристигнале на грчкиот остров Кос, претставувајќи се како бегалец кој бара азил, а всушност станувало збор за џихадист, открива грчкиот весник „Реал њуз“ (Real news), jави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за лице, кое според весникот, имало активна улога во терористичката Исламска држава, бил еден од егзекуторите и им вршел обука на борците на ИД, а грчката служба за борба со тероризам го идентификувала дека всушност не е бегалец, по што бил уапсен и со одлука на јавен обвинител одведен во затвор.

-Според проверените информации на „Реал њуз“, минатиот јуни на Кос пристигна сириски „бегалец“ заедно со неговиот малолетен син, кој секако сакаше да избега од хоророт на војната. Со него не носел ниту мобилен телефон, освен за неопходните документи за него и за неговото дете. Веднаш бил префрлен во прифатниот центар на островот и секако за краток временски период ги подготвил документите за азил, пишува весникот.

Откако надлежните ги внеле податоците од валидниот, но со фалсификувани податоци, пасош на 45годишниот „бегалец“ на специјалната платформа за пребарување, грчката служба за борба со тероризам открила дека станува збор за член на ИД.

Веднаш следело негово апсење, а самиот им признал на полициајците дека првично бил дел од борците на „Ал Нусра“ огранок на „Ал Каеда“, а потоа преминал во редовите на Исламскиот калифат, но и дека учествувал во голем дел од битките во Рака и Мосул.

Од островот Кос бил префрлен во Атина, каде што и му била одредена мерка притвор.

Слични содржини