Косовски опозициски лидер е уапсен под обвинение дека спречувал лице на должност да ги извршува своите службени обврски, соопшти полицијата.

download

Портпаролот на полицијата Даут Хоџа изјави дека Дардан Молиќај бил уапсен денеска на меѓународниот аеродром, од каде планирал да ја напушти земјата. Претставници на партијата „Самоопределување“ изјавија дека тој имал намера да се сретне со нивни поддржувачи во Швајцарија, каде живее голема имигрантска заедница од Косово.

Молиќај (30) е висок претставник на опозициското движење „Самоопределување“, кој на 27 јануари ги предводел антивладините протести, кои завршија со судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Доколку биде осуден тој може да добие пресуда до пет години затвор./МИА

Слични содржини