УНХЦР: Имигрантите на пат кон Европа се изложени на се поголем ризик на Балканот

од Vladimir Zorba

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска предупреди дека се поголемиот број илегални имигранти кои по копнен пат се обидуваат да стигнат до Европа преку Балканот, се изложени за зголемени закани од насилство, злоупотреби и несреќи на железничките пруги по кои се движат.

imigranti-vrakgsgsgasjanje

Во соопштението се посочува дека во последниве две години за имигрантите се популарна станува маршрутата од Грција преку Македонија и Србија, како помалку ризична од онаа од северна Африка преку Средоземното Море до Италија.

Според УНЦХР, напоредно со зголемувањето на бројот на имигранти, од кои повеќето се од Сирија, Авганистан, Ирак, Еритреја и Сомалија, се зголемуваат и ризиците по т.н. западнобалканска маршрута.

Податоците на УНХЦР укажуваат дека бројот на имигранти кои најавиле дека имаат намера да бараат азил во западнобалканските земји се зголемил од 5.000 во 2012, на 20.000 во 2014 година.

Само во Србија, како што јави ДПА, во првите пет месеци од 2015 година се поднесени 22.000 барања за азил, од кои речиси 10.000 само во текот на мај, што е шест пати повеќе во споредба со истиот период лани, посочува УНХЦР.

Според проценките на Комесаријатот, има уште приближно толкав број луѓе. на кои потенцијално им е потребна меѓународна заштита, кои воопшто не се регистирани од властите во Србија, затоа што нивна цел не е да останат во земјата, туку да стигнат до Унгарија и од таму да продолжат кон Западна Европа, најчесто преку организирани канали за шверц на луѓе.

Според УНХЦР, положбата на имигрантите кои минуваат низ Балканот е особено ташка затоа што се движат по железнички пруги и планински патеки, при што се изложени на опасност да бидат удрени од возови, да станат жртви на невремиња и други природни непогоди или да бидат злоупотребени од шверцерите на луѓе и криминалните групи.

Слични содржини