„Уништување на старо железо“: Украинци се потсмеваа поради разнесување на руски тенк (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На Твитер се појави видео од уништување на руски тенк БМП-2. Украинците го уништиле со термобарична граната која од дрон ја вметнале во тенкот преку отворот на возачот. Тие наведуваат дека нападот го извршила 72-та моторизирана бригада во Микилск во провинцијата Доњецк. Во близина на тенкот може да се забележи и уништен руски камион за снабдување КАМАЗ.

Еден од корисниците на Твитер под видеото коментираше: „Украинците продолжуваат да уништуваат старо железо кое го оставија Русите во областа Вуледар“.

Неколку корисници на Твитер се прашуваа дали е вообичаено да се остави отворот на тенкот отворен по напуштањето на возилото и дали руските војници навистина се толку „заборавени“.

Еден од корисниците на хумористичен начин изразил поента со коментарот: „Еве што се случува кога ќе дозволите да истече продолжената гаранција на тенкот“.

Друг коментатор го нарече украинскиот дрон „голферска суперѕвезда“.

Слични содржини