Вестбрук по катастрофалната сезона: Планот е да останам, но ништо не е сигурно

од Vladimir Zorba

Плејмејкерот на Лос Анџелес Лејкерс, Расел Вестбрук би сакал да ја помине последната година од договорот во Калифорнија и покрај ужасната актуелна сезона.

Лејкерси и математички останаа без шанса за пласман во плеј-офот.

„Планот е да останам, но ништо не е сигурно. Сакаме да видиме како можеме да изгледаме во текот на целата сезона, да одиграме 82 натпревари. Сепак, ни тоа не е загарантирано… Се надевам дека ќе имаме шанса да направиме нешто“, изјави Вестбрук.

Ентони Дејвис, еден од играчите кои минаа доста време надвор од теренот поради повреда, беше уништен од неуспехот.

„Оваа година имавме повеќе стартни петорки отколку победи. Нашата цел беше да го освоиме прстенот. Исто така загубивме неколку натпревари со сите тројца на теренот – Леброн, Рас и јас – но мислам дека ќе игравме подобро ако имавме повеќе време. Немавме доволно минути заедно“, вели Дејвис.

Лејкерси имаат скор 31-48, а во каков состав ќе играат следната сезона, ќе видиме.

Слични содржини