(видео) Германски пратеник: Има огромен притисок Косово да влезе во Советот на Европа

Гледаме голем потенцијал за понатамошна ескалација ако се  остане на овој пат, изјави Бистрон, кој е заменикин на членот на Постојаната делегација на Бундестагот во ПССЕ.

од Бети Божиноска

Шефот на Комисијата за надворешна политика на пратеничката група на Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот, Петр Бистрон, изјави денеска дека со голема загриженост ги набљудува процесите во однос на барањете на Косово да стане членка на Советот на Европа и наведува дека се врши огромен притисок врз сите земји да ги поддржат овие тенденции, пренесуа „Косово онлајн“.

„Желбата е Косово да влезе во сите можни меѓународни организации. Ние сме цврсто против тоа, Косово не е држава, тоа е конструкција што не може да опстане. Тоа е протекторат на НАТО и ЕУ. Гледаме голем потенцијал за понатамошна ескалација ако се  остане на овој пат“, изјави Бистрон, кој е заменикин на членот на Постојаната делегација на Бундестагот во ПССЕ.

На утрешниот состанок на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се гласа по препораката на известувачот Дора Бакојани Косово да биде прифатено во оваа организација.

Слични содржини