(ВИДЕО) Што остана пред Собрание по судирот на полицијата и демонстрантите?

од Nikola Popovski

Вечерашните насилни инциденти пред Собранието резултираа со неколку повредени полицајци.

Според објавените видеа на социјалните мрежи, демонстрантите употребувале метални држачи, бекатон плочки и даски, при обидот да се пресметаат со полициските специјалци.

Граѓаните веќе четврти ден како протестираат пред неколку важни институции во главниот град поради францускиот предлог, при што последните два дена се појавија и посериозни инциденти и тензии.

Слични содржини