Викенд во Грција: На ГП „Богородица“ се чека околу половина час

од Nikola Popovski

Долга редица од возила веќе го блокираа граничниот премин Богородица за излез од земјава кон Грција. Голем број граѓани продолжениот празничен викенд ќе го поминат на грчките плажи.

Има зголемена фрекфенција на возила, а за излез од државата се чека околу 30 минути, соопштија од АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини