Викендов ќе се игра во Премиер лигата, но колото нема да биде целосно

од Nikola Popovski

Иако првично беше планирано поради жалоста за смртта на кралицата Елизабета Втора, да не се играат натпреварите од осмото коло во Премиер лигата, таа одлука е променета и викендов фудбалот ќе се тркала на Островот.

Најпрво беше одлучено, покрај седмото, да се одложат и натпреварите од осмото коло во Премиер лигата, бидејќи токму толку трае периодот на жалост во Велика Британија. Сепак, клубовите од Премиер лигата одлучија да играат, веројатно поради згуснатиот календар.

Сепак, нема да се одигра цело коло. Уште претходно се знаеше дека натпреварот помеѓу Брајтон и Кристал Палас ќе биде одложен поради штрајкот на железницата. Дополнително, поради безбедносни причини ќе бидат одложени уште два натпревари, дерби рундите Челзи-Ливерпул и Манчестер Јунајтед-Лидс.

 

Слични содржини