Вкупно пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација против Ковид 19

Вкупно 4.000 здравствени работници, досега влегоа во системот за пријавување за вакцинација против Ковид 19.

Министерството за здравство, информира дека 2.000 од нив се од Скопје, додека останатите се од другите градови во земјава.

„Македонскиот здравствен систем е целосно спремен за имунизација на населението. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија. Вакцините се развиени на безбедни платформи и со нив ќе го спречиме ширењето на Ковид-19“, се вели во соопштението.

Слични содржини