Влада: Нема промени на нашите позиции во преговорите со Бугарија

од Nikola Popovski

„Во завршна фаза е усогласувањето на еден единствен Акциски план со Бугарија. Владата цело време е силно мотивирана за да се најдат заеднички точки за отворените прашања. Министерот Османи најави нов пристап, растоварен од емоциите, што ќе биде дополнителен поттик на процесот“, изјави денес портпаролот на Владата, Душко Арсовски на прес-конференција.

Тој уште еднаш повтори дека нема промена на нашите позиции во преговорите со Бугарија – за македонскиот идентитет, народ и јазик не се разговара и нема да се преговара.

„Апелираме да не се влегува во круг на навреди и обвинувања и говор на омраза кои нема да донесат добро за никого, најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ“, истакна Арсовски.

Слични содржини