Владата го утврди Предлог-Буџетот за 2024 година

од Radmila Tasevska

Владата на денешната седница го утврди Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Предлог Буџетот е направен согласно потребите на граѓаните и на македонската економија. Целта е поддршка на економскиот раст, фискална одржливост и редовна исплата на сите државни буџетски обврски – повисоки плати, пензии, социјални права, поддршка на земјоделците, на претпријатијата, фискална консолидација, справување со последиците од глобалната економска криза.

-Се оцени дека Буџетот е добра основа за зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување странски инвестиции, иновативност на домашните компании, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, интензивирање на приближувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ, непречено извршување на обврските коишто произлегуваат од членството во НАТО, непречено спроведување на претстојните изборни активности, се посочува во соопштението.

Утврдениот Предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година, ќе биде доставен до Собранието.

Слични содржини