Владата за објектот „Гранд“: Доколку Законот не се почитува, градба нема да има

од Nikola Popovski

„Владата се повикува на законот и се што е спротивно на тоа значи дека таму градба нема да има“, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на прашањето до каде е ситуацијата со зградите спроти хотелот „Холидеј ин“, откако денес жителите на Ново Маало поднесоа петиција до Владата и општина Центар за изградба на објектот „Гранд“.

Арсовски потенцира дека одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови за тоа.

„Со урбанистичкиот план се пропишува што е планираво со опфатот на таа локација, какви типови на надградба, колку зеленило. Врз основа на сите информации, инвеститорот приложува проект и ако ги исполнува сите услови добива одобрение за градба. Дозволата за градба трае 2 години“, вели Арсовски.

Слични содржини