ВМРО-ДПМНЕ бара лидерската во понеделник да биде по 11 часот оти Мицкоски има предавање со студенти

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ се согласува за лидерска средба во понеделник, но замерува тоа што комуникацијата, како што велат, по вака важни прашање, се врши по медиуми.

-Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на Обсе Одихр, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комубикација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор, велат од најголемата опозициска партија.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера од заедничката прес-конференција со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел најави дека за в понеделник (4 декември) е закажана лидерска средба на која се очекува да се прецизира датумот на одржување на претседателските и парламентарните избори в година.

Покана за лидерската, како што рече Ковачевски, уште денеска ќе биде испратена до претседателите на сите парламентарни политички партии и до собранискиот спикер Талат Џафери.

Предвидено е на средбата да се разговара за евроинтеграцијата на Северна Македонија, за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Слични содржини