ВМРО-ДПМНЕ: Каде се вакцините што требаше да ги набави Филипче?

од Nikola Popovski

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија благодарност до Србија, а сега и до Обединетите Арапски Емирати, но прашуваат до каде се вакцините што владата требаше да ги купи.

„1.718 лица починаа од први јануари до денеска, додека ја чекаат вакцината, која што Филипче никако да ја набави. ВМРО-ДПМНЕ изразија  благодарност до Србија, а сега и до Обединетите Арапски Емирати, но прашуваат до каде се вакцините што владата требаше да ги купи“, велат од опозициската партија, додавајќи дека Македонија со Филипче и со Заев на чело е единствена држава која има вакцинирано повеќе народ со вакцини од донации, отколку со купени вакцини.

Министерот за здравство денес најави дека ќе пристигнат 2000 кинески вакцини, како донација од ОАЕ, кои веќе се на пат кон земјава од аеродромот во Софија.

Слични содржини