Внук на Тито е осуден на затворска казна за сообраќајна несреќа после 29 години

од Nikola Popovski

Еден од внуците на поранешниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, бил осуден во отсуство на осум месеци затвор за сообраќајна несреќа во 1992 година во Земун во која загинал неговиот пријател Г.П.

На Едвард Броз (70) му е изречена првостепена пресуда во отсуство затоа што е во бегство од 2008 година и наводно живее во Загреб.

Тој бил осуден за кривично дело „тешка постапка против безбедноста на јавниот превоз“, изјави Високиот суд во Белград за Танјуг.

Седница на Апелациониот суд за жалби против оваа првостепена пресуда е закажана за четврток, 11 март.

Едвард Броз побегнал во Хрватска веднаш по несреќата, но бил уапсен 16 години подоцна на 21 јануари 2008 година на граничниот премин Батровци, кога се обидел да влезе во Србија.

По три дена притвор, тој бил ослободен да се брани од слобода, но му билодземен пасошот и му било наредено да се јавува во полиција 15 дена.

На крајот на март 2008 година, тој се појавил на почетокот на судењето пред Високиот суд во Белград и ја презентирал одбраната и каењето за смртта на неговиот пријател, но потоа повторно избегал.

Поточно, тој не се појавил на рочиштата во мај, јуни и септември 2008 година, па судот издаде меѓународна потерница за него во октомври истата година.

Овој случај бил суспендиран во Високиот суд во Белград, но судењето во негово отсуство започна на почетокот на минатата година, кое заврши со споменатото.

фото: Нова.рс.

Слични содржини