Во Алабама за првпат извршена смртна казна со азот

од Stefanija Kuzmanovska

Во американската сојузна држава Алабама, осуденик беше погубен со употреба на азот, објави гувернерот Кеј Ајви.

Според извештаите на медиумите, Кенет Јуџин Смит, осуден на смрт за убиство во 1996 година, бил прогласен за мртов во затворот Атмор во 20:25 часот по локално време.

Алабама е една од трите американски држави кои дозволуваат извршување на смртна казна со азот, кога смрт настапува од хипоксија.

Тоа беше првпат да се користи нов метод на извршување во Соединетите Американски Држави (САД).

Властите во Алабама тврдат дека тоа е хуман метод, додека канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации изрази загриженост за недокажаниот метод, кој според меѓународното право, би можел да биде „мачење“.

Смит е првиот затвореник погубен оваа година во САД, каде во 2023 година беа извршени 24 смртни казни со смртоносна инјекција.

Слични содржини