Во близина на српско-хрватската граница уапсен државјанин за С.Македонија со 313 куршуми

од Vladimir Zorba

Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на С. Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска за поседување 313 куршуми од различен калибар, соопшти МУП.

Државјанинот на С.Македонија е осомничен за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

Слични содржини