Во Хаг ќе биде отворен Меѓународен центар за истражување на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска во Хаг ќе биде отворен Меѓународниот центар за истражување на руската инвазија на Украина, како прв чекор кон можното формирање на Трибунал за кривична одговорност на претставници на Кремљ.

Лондонски „Гардијан“ објави дека Меѓународниот центар за истрага на руската инвазија на Украина (ICPA) ќе има обвинители од Киев, ЕУ, САД и Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои ќе го истражуваат конфликтот во Украина и ќе собираат релевантни докази пред да формираат специјален трибунал кој би можел да им даде на функционерите на Кремљ да им се суди за започнување на војната во Украина.

Високи претставници на ICPA денеска ќе одржат прес-конференција во седиштето на правосудната агенција на ЕУ, Европравд, се вели во соопштението за печатот на Европравда.

Слични содржини