Во Хрватска197 новозаразени со Корона, четворица мртви

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 197 нови случаи на заразени со коронавирус, 4 лица починале, 183 се опоравиле, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Има 2.138 активни случаи, од кои 281 пациент е во болница, седум помалку од вчера, од кои 21 се на респиратор, објави Хина.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 14.922 лица се заразени со коронавирус, од кои 248 починаа, а 12.536 се опоравија, од кои 183 во последните 24 часа. Во моментов има 9.714 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 258.864 лица, од кои 4.384 во последните 24 часа

Слични содржини