Во Италија одржана комеморација за 67 мигранти кои загинаа во бродска несреќа

од Stefanija Kuzmanovska

Локалното население и членовите на семејствата на мигрантите кои ги загубија животите во трагедијата во неделата на брегот на Италија денеска присуствуваа на комеморацијата за 67-те жртви, во спортската сала во Кротоне, Калабрија.

Жителите оставија цвеќиња, пораки и свеќи до металната капија кај спортската сала.

Во салата беа изложени ковчезите со телата на жртвите од несреќата која се случи во близина на јужниот брег на Италија, кога се преврте брод со речиси 200 луѓе, додека италијанските власти најавуваат дека уште многу луѓе се водат за исчезнати, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини